Енис Барди проговори за односите во репрезентацијата на Македонија и за шансата за пласман на ЕП во пресрет на клучниот дуел со Грузија за пласман на ЕВРО 2021.
„Јас сум Албанец и никој не ми го негира тоа, но со гордост играм за Македонија. Тоа е професионалниот пат што сум го избрал и по кој одам, во ниту еден момент не сум помислил дека сум направил грешка со одлуката да настапувам за македонската репрезентација. Никогаш сме немале никакви проблеми на оваа тема во националниот тим, сите сме тука со иста цел, даваме се од себе за репрезентацијата и тоа ни носи резултат. Сега сме на еден чекор до сонот, да го добиеме мечот со Грузија и да го сториме она што никој претходно го нема сторено во македонскиот фудбал“, вели Барди за „Суперспорт“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.