Претседателот на Фудбалската Федерација, Муамед Сејдини во емисијата „Топ тема“ на Телма рече дека нема промена на името на Федерацијата додека за тоа не одлучи Собранието на ФФМ.

Тврди дека ФФМ не земала пари од државата како што пред неколку дена најави премиерот Зоран Заев како причина за промена на името, туку според Сејдини тие само ги проследиле до клубовите парите што ги дава Агенцијата за спорт и млади.

Сејдини меѓу другото се осврна и на новите дресови за македонската фудбалска репрезентација кои предизвикаа хаос во јавноста и придонесе до тоа Македонија на ЕП да настапи со старите дресови.

-Кој работи, тој и греши. Јас ја прифатив грешката и и се извинив на целата македонска јавност. Среќа е што претседателот на УЕФА добро го познава балканскиот менталитет. На Чеферин му го објаснив проблемот, а тој ми рече дека нема проблем и дека ќе можеме да настапиме со старите дресови. Искрено, ниту на мене не ми се допадна дресот бидејќи беше премногу темен. Уште кога ги видов новите дресови знаев дека ќе излезе проблем. Вината е наша, на претседателот на ФФМ, а не на „Јако“ или било кој друг. Дресовите нема да бидат уништени туку ќе им ги распределиме на тимовите кои се натпреваруваат во пониските лиги во Македонија, изјави Сејдини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.