Претседателот на фудбалската федерација Муамед Сејдини натпреварот со Словенија ќе го следи во црвениот дрес на Македонија, пишува Дриблинг.мк.

Откако од ФФМ потврдија дека Македонија, на ЕУРО 2020 ќе настапи со досегашната комбинација на дресови на кои доминира црвената боја, претседателот на „Куќата на фудбалот“, Муамед Сејдини, натпреварот со Словенија ќе го следи со дресот кој наиде на голема поддршка кај навивачите.

Македонија денеска игра со Словенија на првиот контролен натпревар од двата предвидени кои се дел од подготовките за ЕУРО 2020.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.