Ниту јас сум го дал името, ниту имам право да го менувам, изјави денеска претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, со што останува доследен и нема да подлегне на притисоците за промена на името на Фудбалската федерација на Македонија.
-Уште на почетокот кажав и во многу наврати повторував дека ниту јас сум го ставил името на Фудбалската федерација на Македонија, ниту јас можам да го сменам тоа име. Единствен орган кој може да го смени името на Фудбалската федерација на Македонија е Собранието на ФФМ. Така што, Муамед Сејдини и натаму ќе остане доследен и ќе ги почитува сите правила, истакна Сејдини на денешната прес-конфернција одговарајќи на новинарско прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.