Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини им ја честита на репрезентативците и стручниот штаб победата над Италија во Палермо и обезбеденото место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022.
Сејдини во пораката објавена на социјалните мрежи истакна дека триумфот на македонските фудбалери треба да биде инспирација за успех на сите во земјата.
– Кога ви е потребна инспирација за успех погледнете ги овие јунаци! Најубавата приказна од Македонија!, напиша Сејдини на својот Фејсбук профил, илустрирајќи ја објавата со фотографии од славјето на македонската репрезентација на теренот на стадионот „Ренцо Барбера“ по вчерашниот сензационален триумф од 1-0 над актуелниот европски првак Италија.
Македонските фудбалери попладнево околу 17:30 ќе пристигнат на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.