Бројот на заразени со Ковид-19 во шпанските фудбалски клубови е сè поголем.

Барселона објави денеска дека во нејзините редови има седум заразени фудбалери, во Реал Мадрид четворица, а во Севиља тројца.

Позитивни на Ковид-19 во мадридски Реал се Тибо Куртоа, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Винисиус, објави актуелниот лидер во Ла Лига.

Второпласираната Севиља соопшти за тројца заразени во своите редови, без да го објави нивниот идентитет.

– Сите заразени играчи се без симптоми и се во домашна изолација во која ќе останат додека не помине пропишаното време за карантин, наведе клубот од Андалузија.

Во домашен карантин се и фудбалерите на Барселона, Ленглет, Дани Алвеш, Жорди Алба, Алекс Балде, Дембеле, Умтити и Гави.

Проблеми со заразени фудбалери имаат речиси сите шпански прволигаши – Рајо Ваљекано 14, Селта Виго 9, Елче 8, Бетис 6, Еспањол и Кадиз 6 …



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.