Португалскиот дефанзивец Седрик Соареш до крајот на денот би требало да потпише договор со Интер. Португалецот е играч на Саутемптон, а во Интер ќе дојде како позајмен играч.

Интер по завршувањето на сезоната ќе има опција за 11 милиони евра да го откупи договорот на 27-годишниот десен бек.

Интер на оваа позиција го има и Хрватот, Шиме Врсаљко, но по се изгледа Спалети не е задоволен од формата на хрватскиот репрезентативец. Новинарите шпекулираат дека Интер, ако не сега, тогаш по завршувањето на сезоната нема да го откупи договорот на Врсаљко и ќе го врати во Атлетико Мадрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.