Гоце Седлоски повеќе не е тренер на Б-тимот на Динамо Загреб. Клубот објави дека со Седлоски спогодбено го раскинале договорот.

Седлоски за тренер на Б-тимот на Динамо беше промовиран на 13 мај. Коронавирусот е причината што поранешниот капитен на Динамо го напушти клубот.

Во текот на својот пет месечен мандат 46 годишниот Седлоски четири пати бил во самоизолација, а пред два дена неговиот тест на Ковид-19 бил позитивен, пишува порталот „Индекс“. Со оглед на тоа дека Б-тимот во наредниот период треба да одигра многу натпревари, Седлоски и клубот процениле дека најдобро решение ќе биде неговиот договор да биде спогодбено раскинат. Нов тренер на Б-тимот на Динамо е 33 годишниот Иван Прелец.

Седлоски играше во Динамо од 1998 до 2004 година, во овој период тој освои три титули хрватски шампион, три титули од Купот на Хрватска и три суперкупа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.