Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски ги искажа своите впечатоци по синоќешниот убедлив пораз (0:3) од Санта Клара во второто коло во Конференциската лига на УЕФА.
Гостите до водство дојдоа во 30.минута со автоголот на Абдул Руватбаја.
– Автоголот што го примивме промени сè, но тимот на Санта Клара прикажаа доста добра игра. Остануваат уште 90 тешки минути, но мора да бидеме професионални и да се обидеме во реваншот да оствариме подобар резултат, изјави Седлоски.
Реваншот во Португалија ќе се одигра на 29 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.