Славниот хрватски стратег Мирослав Ќиро Блажевиќ објави дека е тешко болен, а во интервју пред дуелот помеѓу Хрватска и Словенија се збогува со своите соседи.
86-годишниот тренер во интервју за словенечки „Спорт клуб“ призна дека повторно има проблеми со ракот на простатата, со кој се бореше и пред 17 години.
Драги словенечки пријатели, нашата љубов е безгранична. Ме сакате и ве сакам, но морам да ви ја кажам тажната вест. Многу сум болен. Јас сум стар, имам 86 години. Ако не дојдам наскоро, и веројатно нема да дојдам, би ја искористил оваа прилика да ја изразам својата љубов и да ги поздравам сите мои пријатели во Словенија. За жал, морам да кажам – збогум. Збогум, драги мои Словенци, рече легендарниот стратег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.