Пожар избувна денеска на стадионот на Реал Мадрид „Сантијаго Бернабеу“. Познатиот стадион веќе подолго време се реконструира, додека „кралскиот клуб“ своите натпревари игра на стадионот „Алфредо ди Стефано“.

Засега не е познат изворот на пожарот на мадридскиот стадион и затоа е невозможно да се утврди штетата предизвикана од него, но Шпанците објавија дека противпожарната единица брзо реагирала.

Пожарот бил локализиран во текот на вечерта, а подоцна ќе се утврди што го предизвикал.

„Сантијаго Бернабеу“ е дом на играчите на Реал Мадрид од 1947 година, а пред почетокот на скапата реконструкција, имаше капацитет од 81.044 места.

Името го носи по легендарниот напаѓач и тоа е првиот стадион во светот каде се одржале и финалињата на Европското и финалето на Светското првенство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.