Селекторот германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, го објави списокот на фудбалери за настап на Европското првенство.

Новитет во составот е враќањето на искусните Томас Милер и Матс Хумелс, кои по три години пауза се враќаат во репрезентацијата.

Милер и Хумелс имаа добра сезона и можат многу да придонесат. Станува збор за фудбалери кои можат да бидат лидери на теренот. Ја знаат нашата филозофија, а и останатите играчи ги почитуваат – изјавин Лев, кој веднаш по ЕП ќе ја напушти селекторската клупа.

Германија на Европското првенство се наоѓа во групата „Ф“ заедно со репрезентациите на Франција, Португалија и Унгарија.

Голмани: Бернд Лено (Арсенал), Мануел Нојер (Баерн), Кевин Трап (Ајнтрахт Франкфурт)

Одбрана: Матијас Гинтер (Борусија Менхенгладбах), Робин Госенс ​​(Аталанта), Кристијан Гинтер (Фрајбург), Марсел Халстенберг (РБ Лајпциг), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Лукас Клостерман (РБ Лајпциг), Робин Кох (Лидс јунајтед), Антонио Ридигер (Челси), Никлас Зуле (Баерн).

Среден ред и напад: Емре Џан (Борусија Дортмунд), Серж Гнабри (Баерн), Леон Горецка (Баерн), Илкај Гундоган (Манчестер сити), Каи Хаверц (Челси), Јонас Хофман (Борусија Менхенгладбах), Џошуа Кимих (Баерн), Тони Крос (Реал Мадрид), Томас Милер (Баерн), Џамал Мусиала (Баерн), Флоријан Нојхаус (Борусија Менхенгладбах), Лерој Сане (Баерн), Кевин Воланд (Монако), Тимо Вернер (Челси).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.