Голманот Џанлуиџи Буфон е пред враќање во Јувентус, а тој утрово пристигнал во медицинскиот центар на тимот каде ќе ги помине лекарските прегледи во клубот од Торино.

На 30 јуни, неговиот договор со Париз Сен Жермен истече, а Буфон во моментов е слободен агент.

Легендарниот голман ги бранеше боите на Јувентус 17 сезони – од 2001 до 2018 година. Тој има вкупно 656 натпревари на сите натпревзрувања за клубот.

Во ПСЖ тој играше една година, забележа 25 натпревари на сите турнири во кои прими 25 гола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.