Контроверзниот босански репрезентативец Огњен Врањеш пред една година беше централна фигура во регионов после секс-аферата со Јелена Карлеуша, која крена голема прашина, а тој тоа го плати скапо, го избркаа од Андерлехт, ама и од босанската репрезентација.
После една година од аферата, Врањеш реши да проговори за српските медиуми, за повторно да ја разбранува јавноста.
Се каам и срам ми е што познавав таква личност. Но, времето не може да го вратиме, ама личноста може да ја избришеме. Јас само можам да кажам дека му се восхитувам на Душко Тошиќ што успева сите овие години да издржи и да ја трпи таа жена. Голем наклон за него – вели Врањеш.
Врањеш призна дека паднал на мамката на Карлеуша, посочувајќи дека скапо ја платил таа афера со неа.
Таа слатко лажеше, јас лесно подводлив и верував на секој збор, додека нè прогледав и нè сфатив со кого си имам работа. Јас немам време со неа да се влечкам по судови и слични будалаштини, а таа цел живот го посвети на тужби. Таа си доби реклама каква што нема да има во 14 животи и треба да ми биде благодарна, зашто и скокна цената. А, јас ништо не добив. Велеа сум си правел маркетинг, но вистината е дека ме избркаа од Андерлехт, ја напуштив репрезентацијата поради неа – вели Врањеш.
На прашањето дали би сакал да се види со Карлеуша, Врањеш тврди дека нема потреба за тоа, бидејќи таа има со кого да се гледа.
Запрашан на кого алудира, тој вели: Таа тоа го знае!Прашајте ја неа!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.