Тажни вести денеска пристигнуваат од Бразил поврзани со легендарниот десен бек на бразилската репрезентација Кафу. Неговиот син Данило Фелисијано де Мораеш, починал вчера додека играл фудбал во дворот на својот дом во близина на Сао Пауло.
На Данило му се слошило, по што се струполил на теренот. Итно бил префрлен во болница, но тоа не помогнало и починал поради последици од срцев удар.
Пораки со сочувство за Кафу пристигннуваат од неговите поранешни клубови, Милан, Рома, Сао Пауло како и од целата фудбалска светска јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.