Членовите на фудбалската репрезентација на Македонија знаат како да го прослават историскиот успех и пласманот на Европското првенство. Денеска во стандардната база на репрезентацијата, хотелот ТЦ Гранд Плаза, на гости на фудбалерите им беше оркестарот Агушеви кои дополнително ја загреаја атмосферата.

Агушеви специјално за Пандев и за помошникот на селекторот Ангеловски, Џенгис Реџепи ја отсвиреа „Ѓурѓевдан“, но не ги заборавија и останатите репрезентативци, а во главната улога беше фудбалерот задолжен за одличната атмосфера, Езџјан Алиоски заедно со Стефан Ристовски ги покажаа своите музички квалитети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.