Пари Сен-Жермен се договори со играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера, јавуваат повеќе европски спортски медиуми. Шпанецот ќе му се приклучи на францускиот клуб на лето кога истекува неговиот договор со „црвените ѓаволи“.

Според француски медиуми, Атлетик Билбао покажал интерес за својот поранешен фудбалер, но нивниот обид дошол предоцна бидејќи играчот веќе постигнал договор со ПСЖ.

Дваесет и девет годишниот играч од средниот ред ќе потпише договор на 4 години со Французите.

Ерера пристигна на „Олд Трафорд“ во 2014 година, а оваа сезона играше во 20 натпревари за Манчестер Јунајтед. Клубот му понуди нов договор, но двете страни не успеаја да се договорт околу продолжвање на соработката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.