Поранешниот српски фудбалски интернационалец и играч, кој кариерата ја започна во златната генерација на Црвена Звезда, Милош Дробњак извршил самоубиство, јавуваат српските медиуми.
Дробњак е пронајден обесен во неговиот дом во белградската населба Угриновци, кој на 41. година си пресудил. Самоубиството е извршено вчера, но неговото безживотно тело е пронајдено попладнево.
Својата кариера ја завршил во 2009 година, по што влегол во сериозни финансиски проблеми предизвикани од тешката болест на неговата сопруга и борбата за нејзиниот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.