Репрезентацијата на Португалија одигра фуриозен натпревар против Хрватска и славеше со убедливи 4:1 на натпреварот од првото коло од Лигата на Нациите.
На оваа средба шанса за настап не доби Кристијано Роналдо кој натпреварот заедно со своите колеги кои не беа во стартниот состав го гледаше од трибините.
И додека сите носеа заштитни маски, како што важат протоколите за фудбалските натпревари, Роналдо средбата ја следеше без да стави маска на него.
Тоа беше забележано од лицата одговорни за придржувањето до протоколите, па веднаш беше опоменат, по што Роналдо мораше да ја стави маската.
Senhor Ronaldo, por favor, coloque a máscara 😷😂 pic.twitter.com/VLq7XYTO87
— Arthur Quezada (@ArthurQuezada) September 5, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.