Шест фудбалски федерации од северот на Европа изразија противење на намерата на ФИФА на секои две години да организира Светско првенство во фудбал, порачувајќи и оти „со таква радикална одлука не треба да избрзува“.
Претставниците на нордиските фудбалски федерации истакнаа дека евентуална таква одлука на ФИФА би го „уништила“ постојниот систем на натпреварувања, би го направила Европското првенство „застарено“ и би ги маргинализирано женските натпреварувања.
– Тој предлог може во основа да го оневозможи продолжувањето на нашиот актуелен модел на национални лиги и натпреварите на репрезентациите, се наведува во соопштението од состанокот во Копенхаген.
Противењето на нордиските земји не е изненадување, бидејќи многу влијателни личности од овој регион се во врвот на УЕФА, која претходно се закани со бојкот во случај на двегодишен Мундијал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.