Дуелот од 18. коло меѓу лондонски Вест Хем и Норич е последниот во низата одложени натпревари во Премиер лигата овој викенд поради сè поголемиот број заразени со корона вирус во клубовите.
Од претходно беа одложени и натпреварите Лестер – Тотенхем, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас и Манчестер јунајтед – Брајтон.
Норич и на претходниот дуел против Астон Вила имаше неколку позитивни случаи во своите редови, но, во меѓувреме, бројот на заразени драстично се зголеми поради што дуелот против Вест Хем, закажан за в сабота, мораше да биде одложен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.