Милански Интер среде сезона и во можеби најтешкиот период за тимот, се реши на радикален потег кој сериозно ќе влијае на балансот во тимот. „Нероазурите“ му ја одзедоа капитенската лента на својата прва ѕвезда, Мауро Икарди, а наместо него капитен на клубот ќе биде голманот Хандановиќ.
Италијанските медиуми ова го пренесуваат како ударна вест и додаваат дека овој потег сам по себе отвара низа прашања и дилеми. Аргентинецот и летово се поврзуваше со повеќе европски гиганти, а тоа што остана без капитенската лента во сред сезона кога тимот мака мачи со својата фомра е јасен знак дека односите меѓу него и раководството на клубот не се на потребното ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.