Новиот тренер на Барселона, Роналд Коман изрази задоволство од започнувањето на соработката со каталонскиот клуб.

Секој знае дека Барселона е мојот клуб од соништата. Можноста да работам во овој клуб кај мене предизвикува посебни чувства, изјави Куман.

Тој ја коментираше својата оставка како селектор на холандската репрезентација.

За мене беше чест да работам со репрезентацијата на Холандија. Во текот на изминатите две и пол години, се обидов да направам сè што е во моја моќ за да постигнам успех со тимот. Гледам со гордост на нашите заеднички достигнувања. Овој тим има одлична иднина, сигурен сум, додаде Куман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.