Лидерот на италијанскиот фудбалски шампионат, Интер ќе има рекордна заработка од продажбата на билети за претстојното дерби против Јувентус.

Дербито на Италија, на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано, ќе привлече повеќе од 75.000 гледачи и домашниот клуб само од продажба на билети ќе заработи 6,5 милиони евра, што би било рекорд во историјата на италијанскиот фудбал. Дури 20 проценти од публиката нема да бидат Италијанци, туку странци, и се очекува на трибините да има луѓе од околу 100 земји.

Интер сезонава реди само победи во Серија А, му бега два бода на првакот Јуве, па затоа и интересот за овој меч е толку голем. Фановите на Интер веруваат дека може да ја прекинат доминацијата на Јувентус и оти ќе го освојат „скудетото“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.