Синот на македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој од 2009 година е во брак со сопругата Надица, Филипо, денеска го прослави 11-тиот роденден.
Споделувајќи роденденска фотографија од првенецот, Пандев напиша: „Ти си најголемата среќа во целиот мој живот. Времето лета, 11 прекрасни години заедно. Колку многу убави емоции ми имаш дадено. Се надевам дека сум ти добар татко и пријател исто така. Среќен роденден љубов моја! Ти посакувам со целата љубов на светот.“
Овој дене е посебно значаен за Пандев и професионално. Maкедонскиот капитен Горан Пандев вечерва постигна нов гол во дресот на Џенова.
Горан Пандев игра фантастичен натпревар за Џенова и во период од само 10 минути два пати ја погодуваше мрежата на гостите. Пандев на два пати изедначуваше.
Со вториот гол Пандев стигна до голем јубилеј од 100 гола во Серија А.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.