Вчерашната историска победа на македонските фудбалери ја сплоти цела Македонија. Секој поединец се израдува на овој успех.

Фитим Бела на својот Фејсбук профил напиша една прекрасна порака за обединување:

Ова е еден шамар за сите тие што не веруваат во соживот, мултиетничност и најважно од се човечност. Да не слушнам повеќе Албанци, Македонци, Турци, Босанци, Роми, Срби, Власи, Торбеши и останато, сватете дека сме ЛУЃЕ.

Ете што значи богатството што го имаме на разни вери и нации да сознаеме и научиме, да се ПОЧИТУВАМЕ едни со други, да си се радуваме на сите празници и да си славиме сите заедно.

Да се засладиме со баклавите за Бајрам, да се радуваме на вапцаните јајца за Велигден, да им тропнеме на врата на католиците за нивниот Божиќ и така натаму.

А НИЕ ТОКМУ ОВА НЕ ЗНАЕМЕ ДА ГО УЖИВАМЕ И ИСКОРИСТИМЕ.

-Размислете, што можеме да испуштиме во поклонов наречен живот?

Браво момци, се надевам дека шамаров што ни го врзавте барем малку ќе не заболи, напиша тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.