Карфид го сруши клупскиот рекорд за да го купи Аргентинецот Емилијано Сала од Нант. Фудбалерот со мал авион се упати од Франција кон Велс, но тој не стигна во Кардиф.

Авионот го снемало од радарот, потрагата се уште е во тек, засега никој не знае каде е авионот и дали некој од малиот екипаж е жив.

Со изјава се јави и неговиот татко Хорацио кој вели дека нема никакви информации но се надева дека неговиот син е жив.

Последен пат со него се слушнав во неделата. Немам информации, во Росарио сум, очаен сум. Се надевам дека Емилијано ќе биде во ред, изјави таткото на фудбалерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.