Тренерот на Англија, Герет Саутгејт го коментираше поразот од Чешка (2-1) во квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 која неговата репрезентација го претрпе синоќа на гостински терен.
„Трите лава“ сепак остануваат на чело на групата „А“ и покрај вчерашниот пораз во Прага.
Беше тешко. Не успеавме да победиме. Веројатно требаше да одиграме барем нерешено, но гол на крајот од дуелот се очекуваше по сите шанси кои не ги искористивме. Не настапивме доволно добро. Се обидовме да направиме измени. Второто полувреме го започнавме многу подобро. Имавме шанса да победиме, но премногу често ја губевме топката, рече Саутгејт по мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.