Јувентус размислува да го одложи купувањето на играчот за врска Мануел Локатели поради тешките преговори со Сасуоло.

Клубовите треба повторно ќе се состанат за да разговараат за трансфер договорот со Локатели. Јувентус е разочаран од бавниот напредок на преговорите и може да го одложи купувањето на Италијанецот до следното лето доколку не може да постигне договор со Сасуоло во наредните денови, пишува „Ла Газета дело Спорт“.

Дури и фактот дека Локатели отворено изјавува дека сака да се пресели во Јувентус, не влијае на ставот на Сасуоло. Неговиот актуелен договор истекува летото 2023 година, а фудбалерот нема намера да го продолжи.

Доколку не се успее со Локатели, Јувентус како привремено решение би можел да го ангажира играчот за врска Темуе Бакајоко, кој летово ќе го напушти Челзи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.