Тренерот на Челси, Маурицио Сари, ги коментираше гласините дека напаѓачот Оливие Жиру е незадоволен од неговата минутажа во тимот и дека може да го напушти клубот во текот на летото.
Жиру против Славија го одигра 39. натпревар од сезоната. 39-ти! Не деветти, туку 39-ти! Во почетниот состав беше 19 или 20 пати, не се сеќавам точно. Затоа не се согласувам со него, изјави Сари.
Тренерот на „сините“ смета дека Французинот е корисен за Челси.
Тој е корисен за нас. Многу корисен. Играше многу добро со Славија. За разлика од другите, нему му требаше повеќе време за закрепнување, бидејќи тој тежи 90 кг. Тоа е единстевната причина, додал Сари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.