Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, изразил желба во летниот трансфер период клубот да се засили со Мауро Икарди од Интер и Маркињос од ПСЖ. Поголема е веројатноста Икарди да дојде во Јувентус поради одлуката на Интер да го стави играчот на трансфер листата.
За ангажирање на Маркињос пречка е неговата висока плата бидејќи тој во Париз заработува 10 милиони евра годишно.
Изминатава сезона Мауро Икарди одигра 37 натпревари за Интер, постигна 17 гола и забележа пет асистенции. Маркињос настапи на 44 натпревари за ПСЖ, постигна четири гола и запиша две асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.