Маурицио Сари откако беше претставен во Јувентус, заминал на летен одмор во Асколи. Присуството во овој регион од Италија го искористил весникот „Нова Ривиера“ за да направат интервју со искусниот стратег.
Сари е познат како страствен пушач, а за „Нова Ривиера“ тој открил колку точно цигари пуши на ден.
Искрено, пушам по околу 60 цигари на ден, што најверојатно е навистина премногу и знам дека е така. Иако е чудно, не чувствувам потреба да пушам цигари за време на натпреварите, но веднаш по крајот на мечот кога се чувстува тензија, имам огромна потреба да запалам цигара, обелоденува новиот тренер на Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.