Изминативе години италијанскиот шампион, Јувентус многу успешно преговараше со повеќе фудбалери кои беа во последната година од својот договор, па како слободни играчи во својот состав ги донесе Емре Чан, Арон Ремзи, Адријен Рабио, Фернандо Лоренте и уште неколку звучни имиња.
Се чини дека клубот сака да продолжи во истиот стил и веќе имаат план за наредното лето кога слободен играч на пазарот ќе биде Бразилецот од Челси, Вилијан. Тренерот Сари минатата сезона работеше со него во Челси и има намера да го ангажира во Јуве.
Вилијан е приоритет. Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со него. Имаат намера да го потпишат во јануари, доколку тој не го продолжи договорот со Челси, јавува „Тутоспорт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.