Екипата на Челси денеска неочекувано загуби на домашен терен од Лестер со еден погодок постигнат од Џејми Варди, а менаџерот Маурицио Сари само го потврди ставот дека неговиот тим нема шанси да го стигне актуелниот лидер Ливерпул.

Такво нешто не беше возможно уште на почетокот на сезоната, неколку пати споменав дека не можеме да им парираме на Ливерпул и Манчестер Сити. Денешниот натпревар се промени по примениот гол. Игравме добро 55 минути и потоа работите се променија и тоа не во позитивна насока. Доживеавме ментален шок, требаше само да продолжиме да играме како до тие моменти, имаше многу време да се променат работите.

 Ме загрижува што губиме натпревари од послабите екипи. Треба да утврдиме каде е проблемот, бидејќи не е чудно да имате негатива, но треба да се реагира на вистински начин, истакнал Сари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.