Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо одлучи да не го коментира неговиот трансфер во Премиер лигата, по победата на Англија над Украина од 4:0 во четвртфиналето на ЕУРО 2020.
„Да бидам искрен, не сакам сега да зборувам за Манчестер Јунајтед, сакам да се фокусирам само на Англија. Се чувствувам како да сум на месечината, среќен сум што добив шанса да играм, ова беше посебен момент за мене. Секогаш сум фокусиран на тренинзите и чекам можност, кога и да има потреба Англија од мене, јас сум подготвен да одговорам на повикот.“ – изјави Санчо.
Санчо за прв пат беше стартер за Англија на ова ЕУРО на пресметката со Украина а со играта која ја прикажа ја оправда довербата на Саудгејт кој него му даде предност во однос на Грилиш.
Јунајтед на Борусија Дортмунд за Санчо плати 72,9 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.