Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Чиле, Алексис Санчез, му се приклучи на Интер каде ќе ја одигра претстојната сезона, објавија двата клуба.
Договорот за позајмица е со важност до 30 јуни 2020 година и доаѓа по разочарувачкиот период на „Олд Трафорд“ за 30-годишниот фудбалер. Санчез пристигна во Јунајтед од Арсенал во јануари 2018 година, но тој не ги исполни очекувањата кај „црвените ѓаволи“, постигнувајќи само пет гола на 45 натпревари на сите натпреварувања за клубот.
Манчестер јунајтед и Интер се договорија за наемот на Алексис Санчез. Му посакуваме се најдобро на Алексис за време на периодот во Милано, се вели во краткото соопштение на Јунајтед на нивната веб-страница.
Италијанските медиуми оваа недела објавија дека Јунајтед ќе продолжи да ја плаќа платата на Чилеанецот на Интер, при што нема опција за целосен откуп.
Санчез му се придружи со белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој го напушти Јунајтед за Интер овој месец во договор што ги чинеше „нероазурите“ околу 80 милиони евра. Чилеанецот, кој помина три години со екипата на Удинезе во Серија „А“, пред да замине во Барселона, е топ-стрелец на јужноамериканската земја со 43 гола.
Во име на целото семејство Интер, би сакале да го поздравиме Алексис со „Добредојде“ и да му посакаме се најдобро, се вели во пораката на Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.