Иако важеше за огромен фаворит, тимот на Барселона одигра само 2:2 со последно пласираната екипа на табелата во Примера, Еспањол на синоќешното градско дерби.
Каталонскиот гигант пропушти шанса да ја врати разликата во однос на Реал Мадрид, па сега двете екипи на точно половина од сезоната (по 19 кола) се изедначени на врвот на табелата со по 40 бода.
По нив следува Атлетико Мадрид со 35 кој синоќа го совлада Леванте со 2:1. Кругот на најсериозни претенденти за титулата се затвора со Севиља која исто како и Атлетико на половина од првенството собра 35 бода
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.