Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, призна дека не го сака системот за видео-повторувања (ВАР), но е уверен дека ќе доведе до повеќе пенали за прекршоците над него во шеснаесетникот.

Египќанецот во изминатите две сезони изнуди голем број удари од 11-метри за неговиот тим, а понекогаш беше обвинуван дека премногу лесно паѓа во шеснаесетникот. Според него, видео-повторувањата ќе доведат до уште повеќе пенали.

Не го сакам ВАР. Ми се допаѓа фудбалот како што е, со грешките на судиите, со агресијата на играчите. Убаво е понекогаш да се заштитат играчите, за мене ова може да биде единствената причина за постоењето на ВАР. Инаку го прифаќам фудбалот со грешките на судиите, грешки на играчите, сè. Така, играта е поинтересна. Но, ВАР ќе значи повеќе пенали за мене, прокоментирал Салах за Си-Ен-Ен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.