Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, од синоќа е најдобар стрелец на клубот во Лигата на шампионите.
– Да се стане најдобар стрелец на клубот во Лигата на шампионите е одлично чувство, јас сум горд на ова достигнување. Среќен сум. Треба да продолжиме, да постигнуваме што е можно повеќе голови и да бидеме подобри во однос на другите, изјави Салах.
Тој со голот на натпреварот од 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Митјиланд (1:1) стигна до 22 погодоци за Ливерпул во елитното натпреварување.
Египќанецот на листата на стрелците го помина поранешниот капитен на „црвените“ Стивен Џерард кој застана на 21 гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.