Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека наградата за најдобар играч во Африка заслужува да ја добијат и Садио Мане и Мохамед Салах.

  • Следната недела Садио и Мо ќе заминат во Египет на доделување на наградата за најдобриот играч од  Африка во 2019 година. Можам да замислам колку е тешко да се избере најдобриот. Јас немам идеја. Обајцата ги сакам. Тие се неверојатни играчи. Затоа, не знам како ќе биде одлучено, но некој ќе ја донесе таа одлука. И Салах и Мане ја заслужуваат оваа награда, рече Клоп.

Претходно беше познато дека Салах, Мане, како и играчот од средниот ред „Ман сити“ Ријад Марез станаа тројца главни претенденти за наградата за фудбалер на годината во Африка.

Церемонијата на прогласување на најдобриот ќе се одржи на 7 јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.