По инцидентот на натпреварот од германската Бундеслига, меѓу Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм, кога играчот на Борусија Маркус Турам го плукна противничкиот фудбалер Стефан Пош, свој коментар даде претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге.

Тој јасно праша што ќе се случеше доколку ваквиот инцидент беше предизвикан од играчот на Хофенхајм.

Се прашувам што ќе се случеше доколку Пош го плукнеше Турам. Тогаш ќе имавме уште една дебата за расизмот – изјави првиот човек на најтрофејниот германски тим.

По натпреварот Маркус Турам се извини за плукањето на Пош, но сепак, беше казнет со сузпензија од пет натпревари и парична казна од 40.000 евра од гермснската фудбалска федераљција. Истовремено, Турам доби казна и од својот клуб во висина од едномесечна плата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.