Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо одговори на прашањето на новинарот Фабрицио Романо за можно враќање во некоја од европските лиги.

 

– Нема да се вратам во европскиот фудбал, вратата е целосно затворена. Европскиот фудбал изгуби многу во квалитетот…само Премиер лигата е навистина силна, таа е далеку пред сите други лиги, изјави Роналдо,

Триесет и осумгодишниот напаѓач од јануари настапува за Ал-Наср од Саудиска Арабија.  Португалецот минатата сезона забележа 19 настапи за тимот, постигнувајќи 14 гола и две асистенции.

Во текот на кариерата Роналдо играше за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.