Новиот играч на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо беше во центарот на вниманието во првото полувреме од натпреварот меѓу Португалија и Ирска. Домаќините добија пенал во 14. минута, а додека Роналдо се подготвуваше да го изведе О’Ши му ја клоцна ногата.

Португалецот се изнервира и го удри иако противничкиот фудбалер малку изглуми во целата ситуација.
Сепак, очигледно тоа влијаеше на Роналдо кој не успеа да постигне гол од пеналот, бидејќи голманот Базуну го одбрани неговиот удар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.