Славниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо одлучи да си купи уште еден клуб. Поранешниот најдобар светски фудбалер во своја сопственост има 51% од шпанскиот Ваљадолид, но веќе најавува купување на уште еден клуб, и тоа во Португалија.
Во моментов водам разговори за купување клуб во Португалија. Во фокусот прво ми беше Чемпионшип во Англија, но за таму треба многу пари. Па се насочив кон Португалија и веќе барам клуб во кој ќе вложам, вели Роналдо, објаснувајќи зошто искеширал 30 милиони евра за Реал Ваљадолид.
Барав тим со одлична историја, а Ваљадолид во 90 години постоење долго игра во елитата. Сето тоа, дополнето и со фактот дека е единствен клуб во градот со 300.000 жители, кој се наоѓа на час и половина возење од Мадрид. Беше тоа одлична можност и не погрешив“ – вели поранешниот фудбалер на ПСВ, Барселона, Интер, Милан, Реал…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.