Фудбалерот на Јувентус, Португалецот Кристијано Роналдо си го дозволи најскапиот ѕвер на светот – Bugatti La Voiture Noire, автомобил кој чини 16.5 милиони евра и беше претставен на саемот во Женева на десетгодишнината на Бугати.
Роналдо важи за голем љубител на автомобилите, во својата колекција има неколку скапоцени миленичиња, а одлучи и да ја збогати со најскапиот автомобил во светот.
Направен е само еден примерок кој е проценет за 11 милиони, но на аукција достигнал двојно повисока цена. После еден месец се дознало дека го купил токмиу тој – Роналдо.
Француската компанија за луксузни автомобили го произведе овој прототип за прослава на 110-годишнината од постоењето, а тој многу наликува на легендарниот Bugatti Type 57 SC Atlantic. Иако производителите се обиделе да го задржат во анонимност името на првиот купувач на луксузниот автомобил, сепак, Роналдо самиот се пофалил на блиските пријатели дека се подновил со новиот Bugatti La Voiture Noire.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.