Шампионот на Стариот континент, Португалија забележа второ реми во групата „Б“ од квалификацискиот циклус за ЕП 2020.
По нерешениот резултат со Украина пред неколку дена, вечерва фудбалерите на Фернандо Сантош не успеаја да ја победат Србија и натпреварот на „Луж“ во Лисабон заврши 1:1.
Сепак, големата вест е повредата на Кристијано Роналдо.
Portugal have a night to forget as Ronaldo gets injured and they’re denied clear penalty https://t.co/jHLYJBQVRe pic.twitter.com/0uCKKx9zhT
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) March 25, 2019
Лидерот на Португалците помина тешки 30 минути, во кои немаше шанса да постигне гол, му го раскрвавеа носот, а потоа и заработи повреда во мускулот на десната нога и мораше да ја напушти играта.
Се очекува официјални информации за повредата. Најважниот дуел на Јувентус за оваа сезона со Ајакс во Лигата на Шампионите е на 10 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.