Репрезентацијата на Португалија во Лисабон загуби од Србија so 2:1 во последниот натпревар од групната фаза квалификациите за Светското првенство во 2022 година. Со овој пораз, Португалците не успеаја да обезбедат директен пласман на Мундијалот во Катар, за што им беше потребно најмалку берешен исход.

Најголемата ѕвезда на португалскиот фудбал, Кристијано Роналдо, кој го одигра целиот натпревар, не упати ниту еден прецизен удар кон голот на Србија. Ова е прв пат во кариерата на 36-годишниот фудбалер да не упати удар кон противничкиот гол во квалификациите за Светското првенство.

Португалците по овој пораз го освоија второто место во групата и за пласман на Мундијалот во Катар ќе мора да се изборат преку бараж.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.