Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, повторно имал позитивен тест на корона вирусотпоради што тој ќе мора да го пропушти мечот од Лигата на шампионите против Барселона.

Веднаш откако доби позитивен тест во Португалија, брзо се врати во Торино каде што е самоизолиран. Роналдо се надеваше дека навреме ќе добие негативен тест за да настапи против Барса, но тоа не се случи.

Италијанските медиуми пишуваат дека Роналдо се уште е позитивен на Ковид-19, поради правилата на УЕФА дека фудбалерот мора да е седум дена негативен пред натпревар во Лигата на шампионите, Роналдо нема да може да игра против каталонците.

Мечот меѓу Јувентус и Барселона се игра за шест дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.