Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите под водство на Зинедин Зидан, нешто што не се случило откако е формирано ова натпреварување во ваков формат.

Кристијано Роналдо беше главниот фактор за тој успех, но призна дека имал голема помош од францускиот стручњак.

Зидан ми помогна, јас и порано му се воодушевував поради одличната играчка кариера, но заедничката работа беше врв. Постојано ми велеше: Крис, одмори се, ти ќе ја направиш разликата, откри Роналдо.

Португалецот сега е најтрофеен во елитното натпреварување со пет титули, една повеќе од неговиот најголем ривал Лионел Меси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.