Кристијано Роналдо ќе инсистира да биде во првите 11 во составот на Манчестер јунајтед за средбата со Њукасл.
-Никогаш не мислев дека можам да се вратам во Јунајтед, но горд сум што се случи. Возбуден сум, навистина сакам да започнам да настапувам најдобро што можам. Многу сум среќен, исто како и моето семејство. Се разбира, ќе бидам нервозен во сабота, но сега сум поискусен, повозрасен [отколку во 2003 година]. Ќе бидам подготвен. И ќе вршам притисок врз Ола (Солскјер) да ме вклучи во стартниот состав, изјави Роналдо во интервју за клупската ТВ.
На 11 септември, Манчестер Јунајтед ќе го пречека Њукасл во Премиер лигата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.